Десет возила оштетени за период од три часа на две улици во Тетово

Тетовската полиција вчера за три часа добила дури десет пријави за оштетени возила на две фрекфрентни сообраќајници. Сите возила биле паркирани и претежно биле оштетени кај ретровизорите.

-Во периодот од 10 часот и 40 минути до 13 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е оштетување на дессет патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки, од различни марки, од кои осум биле паркирани на улица „Борис Кидрич“, а две на улицата „Маршал Тито“ во Тетово. На осум од возилата им биле оштетени (скршени) ретровизорите, на едно ретровизор и совозачко стакло, а на едно десното крило, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сите оштетувања се фотодокументирани и се преземаат мерки за расчистување на случајот.