Жител на Москва убил двајца откако му рекле да стави маска

Вооружен човек пукал во владин сервисен центар во Москва и убил двајца луѓе откако му било кажано да стави маска на лицето, соопштија локалните власти, а пренесуваат медиумите. Четворица други се повредени. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на руската социјалната мрежа ВКонтакте напиша дека пукањето се случило во центарот за документи Разјански денеска.

“Убиецот е приведен. Изразувам сочувство до повредените и до семејствата а загинатите. Лекарите прават се за да им помогнат на повредените“, напиша Собјанин.

Заменик-градоначалничката Анастасија Ракова рече дека меѓу загинатите се и службеник за обезбедување и администратор на центарот. Tаа додаде дека повредените се во тешка состојба.

Медиумите цитираа сведоци и претставници на центарот за документација кои рекоа дека мажот извадил пиштол и почнал да пука откако обезбедувањето во просториите му рекло да носи маска, а тој одбил. Носењето маска е задолжително како мерка за спречување на ширењето на ковид19. Според извештаите убиецот е 45-годишен московјанин. Истражниот комитет соопшти дека отворил истрага за „убиство“ и за „недозволено поседување огнено оружје“.