ЗАЕВ РЕФЕРИРА ПРЕД НЕГОВИТЕ ПАРТНЕРИ ЗА ДОГОВОРОТ СО ГАШИ, ДЕЛ ОД КОАЛИЦИОНЕРИТЕ СО СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ

Додека лидерот на Алтернатива, Африм Гаши се смета за власт на централно, а опозција на локално ниво, неговиот довчерашен коалициски партнер Зијадин Села допрва ќе решава што ќе прави со соработката со Гаши во општините откако вчера и официјално Алтернатива стана дел од владејачката коалиција.

За сега единствено е јасно дека наместо Скеднер Реџепи од Алтернатива нов коориднатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците е Илире Даути.

И додека Заев и Гаши ги токмат имињата на новите владини функционери, дел од партиите од коалицијата со СДСМ веќе го искажаа своето незадоволство од договорот.

Претходно лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски изјави дека …. а претседателката на ДОМ, Маја Морачанин кажа дека промените се здрава работа но и дека не ги знае деталите од договорот Заев-Гаши.

Од владејаччката ДУИ ак немаат никаков проблем со влезот на Алтернатива во Владата и големиот број на функции што ги добија во замена за поддршка.

Опозицијата пак се’ уште се надева дека Алтернатива ќе си остане на зборот и договорот дадени за време на локалните избори дека оваа партија ќе соработува со опозициските Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ.

Откако сега веќе поранешниот пратеник на БЕСА, Кастриот Реџепи му се приклучи на мнозинството а Алтернатива договори влезе во Владата, сега владејачката коалиција во Собранието мнозинство од 64 пратеници.