Касами -Дефектот е отстранет, тетовци од денеска со нормално водоснабдување

 

Екипи на ЈКП-Тетово веќе три дена работат на санирање на дефектот на водоводната линија Лешница.Многу граѓани ја изразија својата загриженост за недостигот од вода, па како нивен претставник денеска отидов да видам на лице место како одат работите и за за среќа дефектот е остранет  и градот Тетово од денеска ќе има вода за пиење, објави на Фејсбук градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами

-Сакам да им се заблагодарам на вработените во Јавно комунално претпријатие, кои и на овие ниски температури воопшто не застанаа, туку работеа на решавање на проблемот.Исто така му посакувам брзо оздравување и на вработениот Рахим Хасани кој беше повреден при работа, рече Касами