Касами – Новиот водовод со бројни пропусти, носи повеќе штета отколку корист

Новата водоводна линија од Лешница до Пречистителна станица е нецелосно проектирана и реализирана, затоа дефектите се чести, а градот е без вода, се огласи градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами, откако тетовци веќе пет дена се соочуваат со рестрикциите во водоснабдувањето. Проблемот ќе се надмине за неколку дена, потоа напролет следува ревизија и санација на целата линија, додаде Касами.

Како и повеќето проекти од претходната власт за кои се потрошени милионски суми, така и новиот водовод е катастрофален прави повеќе штета отколку корист, обвини градоначалникот Биљал Касами. Долж водоводната линија има 8 проблематични точки ,а едната е веќе санирана..

Во меѓувреме траат рестрикции во водоснабдувањето. Од Јавното комунално претпријатие Тетово велат дека се работи за седумчасовен прекин, но во некои населби има вода само по еден час, во утринските часови. Без резервите со вода, не може да се помине денот.

Моментално градот со вода се снабдува од стариот водовод, а во функција се пуштени и бунарите. Водата во градскиот резервоар достигнува до 200 литри во секунда, што не е доволно да ги задоволи потребите на тетовци.