Касами: Полошките општини ќе почнат да депонираат смет во регионалната депонија Русино

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами смета дека за една недела ќе почне депонирање на отпадот од полошките општини во регионалната депонија Русино.

Општините од полошкиот плански регион дале средства со цел да профункционира заедничкото комунално претријатие кое треба да раководи со депонијата.

Општините во Русино ќе плаќаат три пати пониска цена по тон во споредба со депонирањето на сметот во депонија Дрисла.

– Оптимални услови веќе се создадени за депонирање отпад во Русино. Имаше административни проблеми во делот на општините кои требаа да платат побарувања кон претријатието. Ние најдовме законска можност иако имаме блокирано сметка да ја платиме обврската. Се надеваме дека за една недела ќе почнеме да депонираме отпад. Околу 100 илјади евра се дадени од општините за да функционира депонијата, изјави Касами на завршиниот брифинг со новинарите за состојбите во Општина Тетово.

Тој обвини дека постои политички притисок од централната власт кон Општина Тетово поради што е отежанато функционирањето на локалната самоуправа.

-Претријатието за градски паркинг кое треба да донесе приходи за жал од основање има само трошок и поголем е проблем е што дел од долгот го има кон Управата за јавни приходи (УЈП). Пет години има дозволено УЈП претријатието да не плаќа ДДВ. Сега кога ние дојдовме, секој прилив од претријатието оди во УЈП и сметката е блокирана од УЈП. Ние имавме разбирање од приватни компании кои ги тргнаа своите блокади. Иако три месеци немаат земено плати во претријатието наоѓаме можност да им платиме плати но не ни дозволува УЈП и ние цениме дека може да биде и поради политички причини, се сомневаме дека има тенденции од централната власт да ни прави блокади на функционирање на општината и јавните претријатија, рече Касами.

Во рамки на Полошки плански регион, Касами најави дека во 2022 година ќе се работи на изградба на две претоварни станица со локации во општините Боговиње и Желино, како и место во Општина Брвеница за регионално третирање на проблемот со бездомни кучиња.