Маск: Цивилизацијата ќе пропадне ако луѓето немаат повеќе деца

Нема доволно луѓе“, рече Маск на настанот на „Wall Street Journal“ во понеделникот.

„Не можам да го нагласам тоа доволно, нема доволно луѓе“, додава тој.

Шефот на „Tesla“ и „SpaceX“ вели дека нискиот наталитет, кој рапидно опаѓа, е „еден од најголемите ризици за цивилизацијата“.

„Ако луѓето немаат повеќе деца, цивилизацијата ќе пропадне. Запомнете ги моите зборови“

Коментарот на Маск доаѓа во време кога се повеќе луѓе избираат да немаат деца, наведувајќи причини како што се загриженоста за климатските промени и нееднаквоста.

Маск додава дека премногу „добри, паметни“ луѓе мислат дека има премногу луѓе во светот и дека популацијата неконтролирано расте.

„Сосема спротивно“, рече Маск и ги повика луѓето да ги разгледаат податоците.

„Ако луѓето немаат повеќе деца, цивилизацијата ќе пропадне. Запомнете ги моите зборови“.

На прашањето дали затоа има толку многу деца, таткото на шест деца вели дека се обидува да даде добар пример, додавајќи дека мора да го практикува тоа што го кажува.

Аналитичарите на Морган Стенли им рекоа на инвеститорите во јули дека „трендот на немање деца поради страв од климатските промени расте и влијае на стапките на плодност побрзо од кој било претходен тренд во областа на опаѓање на плодноста“.

За да го поткрепат својот аргумент, тие посочуваат на анкети, академски истражувања и податоци на „Google“ кои покажуваат дека климатските промени директно и индиректно го забрзуваат падот на стапката на плодност.

Истражувачите од „UCLA“ открија дека бројот на родени во САД се намалил за девет месеци по екстремните жештини, додека студијата на 18.000 парови во Кина минатата година покажува дека климатските промени, а особено загадувањето со честички, се поврзани со 20 отсто поголемата веројатност за неплодност, пишува Индекс.хр.