МВР: 10 санкции за возила кои вршат јавен превоз на патници на територија на СВР Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово во акциска контрола што ја спровеле денеска од 8 до 13 часот на возила кои вршат јавен превоз на патници, во најголем број автобуси и комбиња, откриле и законски санкционирале 10 технички неисправни возила, пет од Тетово и пет од Гостивар.

Како што информира МВР, седум од возилата, пет од Тетово и две од Гостивар, имале неисправни сопирачки, едно возило од Гостивар истечена регистрација и две возила од Гостивар неизвршен технички преглед.

–Неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани биле и 10 други видови сообраќајни прекршоци кај шест возила од Тетово и четири од Гостивар, се вели во денешното соопштение од МВР.