МЗ со нови бројки за денеска: Заразени се 355 граѓани, а 15 се починати

Министерството за здравство испрати коригирано соопштение за состојбата со ковид во последните 24 часа. Според коригираните податоци, во последното деноноќие регистрирани се 355 новозаразени од направени 3.042 тестирања, пријавени се вкупно 15 починати лица, девет во последните 24 часа и шест преку системот „Мој Термин“.

Евидентирани се 2.308 оздравени пациенти. Во изминатото деноноќие 329, додека останатите 1.980 оздравени се административно затворени случаи од периодот 16.09 – 31.10.2021.

Од деветте починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 84г и 84г), 2 починати лица од Охрид (51г и 55г) и по едно починато лице од Крива Паланка (79г), Македонска Каменица (56г), Битола (65г) и Куманово (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 31.08.2021 до 01.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Кочани (1), Македонски Брод (1), Свети Николе (1), Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 54 до 88 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.481.925 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, бројот на оздравени пациенти е 203.325, на починати е 7.631, а бројот на активни случаи е 6.069.