Министерството за правда го повлече списокот за помилување

Од Министерството за правда потврдија дека ќе има дополнителни консултации и повторни проверки на имињата кои до претседателот Пендаровски ќе бидат предложени за помилување. Министерот Маричиќ вели дека дел од имињата според него воопшто не требало да се најдат на списокот но одлуката кој од осудениците ќе се предложи за помилување зависи од затворите.

 

-Ова спаѓа во случаите кои ја разнишале тешко меѓуетничката доверба, па помилувањето на казнетиот ќе ја продлабочи уште повеќе не само недовербата во институциите на правдата, туку и кон институцијата Претседател на државата, а ќе влијае и на меѓуетничките односи на нашата земја.

Инаку помилувањето е редовна постапка што се спроведува пред Нова Година. Списокот кој го доставуваат затворите треба да помине низ четири филтри пред да биде потпишан од претседателот Стево Пендаровски.