Митко Јанчев го поддржа Мицкоски за реизбор

Иако минатата година бараше оставка од Мицкоски поради поразот на парламентарните избори и  најавуваше дека планира да го преземе челното место во партијата, Митко Јанчев денес најави дека в недела, на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе му даде поддршка на Христијан Мицкоски. Според неговата изјава Мицковски постигнал добри резултати на локалните избори и затоа ќе го подржи за реизборот, кој по се изгледа ќе нема и кој да го оспори, бидејќи досега не се јави ниту еден противкандидат.Рокот за кандидирање на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ  истекува в сабота.

Мицкоски првпат беше избран на чело на ВМРО-ДПМНЕ на вонредниот конгрес во декември 2017 година во Валандово, по оставката на Никола Груевски
Многу веројатно е дека досегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде единствен кандидат (за реизбор на функцијата) на партискиот конгрес в недела во Скопје.

Неодамнешните локални избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови и најмногу градоначалнички места, очигледно ја зајакнаа позицијата на Мицкоски во партијата. Исто така, овие избори му донесоа на Мицкоски и помирување со неговиот противник во партијата, Митко Јанчев, кој почна да го троши вториот мандат како градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во партијата како засилување се врати и Зоран Ставревски, а „Мериот коалицијата“ исчезна.