Мијалков по напуштањето на Шутка: Не бегам, зошто да бегам

Сашо Мијалков по напуштањето на истражниот затвор Шутка на прашање на новинарите одговорил дека нема намера да бега.

„Не бегам бе, зошто да бегам“, одговори Мијалков пред да влезе во автомобилот, со кој си заминал.

Автомобилот на поранешниот директор на УБК, заедно со неговото обезбедување, биле паркирани пред главниот влез на затворот.

Како гаранција дека нема да бега, Мијалков на државата ѝ понуди имот во вредност до 11 милиони евра.

Мијалков се наоѓаше во притвор од 26 февруари годинава односно од изрекувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“ каде неправисолно е осуден на 12 години затвор.