Морето исфрлило 27 тела на мигранти на Либискиот брег

Тела на 27 луѓе кои тргнале кон Европа, меѓу кои и бебе и две жени, пронајдени се во западниот дел на Либија, исфрлени од морето, соопшти Црвената полумесечина. Телата се пронајдени доцна на 25. декември на две локации во приморскиот град Хомс.

Спасени се три лица, а во тек е потрага по останатите.

Луѓето најверојатно настрадале во бродолом недалеку од либискиот брег.

Се повеќе луѓе се обидуваат да го прејдат Средоземното море и да стигнат во Европа преку Либија, бидејќи властите ги појачуваат акциите против мигранти во Триполи.

Како што се наведува во податоците на агенцијата на ОН за миграција, годинава околу 1500 мигранти се удавени во мноштва бродоломи во централниот дел на Средоземното море.

Претходно овој месец повеќе од 160 луѓе се удавија во два бродоломи крај Либија.