На Попова Шапка има снежна покривка од 85 сантиметри

Дебела снежна покривка има и во делови од Македонија.

Во земјава најмногу снег падна на Попова Шапка каде утринава до седум часот висината на снежната покривка изнесуваше 85 сантиметри, а во Маврово и Лазарополе се наврнати 26 сантиметри.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во Пожаране се наврнати 17 сантиметри снег, а во Претор четири сантиметри.

Најстудено утринава е во Попова Шапка каде се измерени -6 степени, по што следуваат Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе и Маврово со -2 , -1 степен е измерен во Крушево, нула во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп и Берово, 1 во Битола, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија и Куманово, 3 во Дебар, 4 во Виница, Штип и Демир Капија.

АМСМ информира дека од 09:00ч. се воведува забрана за движење на тешки товарни возила на магистралниот пат А2 Струга – г.п Ќафасан. Од таму велат дека забраната е поради обилни врнежи од снег