Не се добредојдени: Косовски Албанци доаѓаат во Тирана да протестираат против Заев и Вучиќ

Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Стотици Албанци од Косово денеска ќе дојдат на плоштадот во Тирана за да протестираат против доаѓањето на Зоран Заев и Александар Вучиќ во Албанија.

Тие сметаат дека премиерот на Македонија и претседателот на Србија не се добредојдени во Албанија и оти работат против интересите на Албанците во регионот.

Косовците сметаат дека проектот „Отворен Балкан“ не е во интерес на Албанците, посебно против тие на Косово и оти во никој случај не смее да биде замена за членството во ЕУ.