Ново потресно сведоштво на преживеаниот Сулејмани: Го паметам секој детал, прво пукна гумата, па автобусот удри во десната ограда

Српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани од Прешево, кој ја преживеа кобната сообраќајна несреќа на македонскиот автобус во Бугарија, пристигна во Србија и се опоравува во болницата во Врање.

Во автобусот кој изгоре загинаа 45 патници, меѓу кои 12 деца. Преживеаја седум патници. Сулејмани, за српската телевизија Прва.рс открива како се спасил од „автобусот на смртта“.

Тој вели дека го памети секој детал пред несреќата. Сулејмани и неговата свршеница биле во задниот дел од автобусот кога прво пукнала гума, а потоа удриле во десната заштитна ограда.

Возачот се обидел да го исправи автобусот и удрил во левата ограда, а потоа автобусот се запалил.

Меѓутоа, Љуљзим бил доволно трезен да реагира и на тој начин да преживее.

– Зедов чекан и го скршив стаклото…

Тој опишува како друг маж излегол низ отворот што го направил.

– Потоа, еден човек излезе од прозорецот. Имаше повреден ‘рбет и го бараше својот син. Ја барав мојата свршеница и го извикував нејзиното име, се присетува на ужасните детали.

Не може да заспие по несреќата

Неговите родители и роднините неколку часа по несреќата не знаеле дали е мртов или жив.

Неговиот татко, таткото на Алија Сулејмани, вели дека прво му кажале дека син му починал.

-Прво ми кажаа дека е мртов. Веднаш отидов во болница во Софија и дури таму дознав дека е жив и здрав, вели неговиот татко.

Љуљзим вели дека најтешко му е што не може да заспие по несреќата, поради шокот.

– Се ми поминува низ глава, како филм. Деца што викаат, цел автобус вика, гледам се што се случило, ама не можев да помогнам на никого, вели Љузим.