Норвешка ќе им помага на граѓаните со високи сметки за струја

Норвешката влада сака да им го олесни товарот од зголемувањето на сметките за електрична енергија на своите граѓани.

Домаќинствата ќе добијат владина помош за екстремно големите сметки со тоа што ќе им платат половина од она што го надминува прагот од 7,8 центи за киловат.

Мерката ќе стапи на сила од овој месец година и ќе трае до март „Вонредната ситуација бара итна мерка“, рече денеска премиерот Јонас Гар Сторе на прес-конференцијата во Осло.

Според владата, ќе бидат издвоени 560 милиони долари за помош на граѓаните.Цените на струјата значително се зголемија низ Европа во последните месеци.