Од 1-ви јануари, нови цени на струјата – Бектеши: Покачувањето нема да биде повеќе од 10 отсто

0
45

Цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јануари ќе се покачи. Ова поскапување ќе изнесува 10%, не повеќе, изјави министерот за економија Крешник Бектеши. Тој негира дека ќе има рестрикции или прекин на електричната енергија како што се зборува во јавноста.   Прогласувањето на кризна состојба беше со единствена цел да се инјектираат средства во енергетските капацитети во земјава, додаде тој.

„Финалната цена за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јануари до средина на следната година, кога треба и да се донесе нова одлука, нема да биде повеќе од 10%, како што покажуваат сите анализи, проекциите и од разни експерти  и партии  чии проекции   изнесуваа над 30, 40 и 50%“, истакна Крешник Бектеши.

И министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека понудата на Електрани на Северна Македонија  до  универзалниот снабдувач ќе биде на ниво со кое нема да се дозволи големо покачување на цената на електричната енергија, но без да конкретизира колку ќе изнесува.

„Во врска со цената на електричната енергија им доделивме н а ЕСМ речиси 4 милијарди  и дополнително, според одлуката која е во Собрание,  уште 93 милиони, што е речиси 5 милијарди денари за ЕСМ за обезбедување ресурси на електрична енергија или снабдување со електрична енергија за редовниот пазар“, посочи Фатмир Бесими.

За инфлацијата, Бесими рече дека трендот на покачувањето на цените на светскиот пазар и домашниот не се очекува да продолжи од втората половина на идната година. А што се однесува до замрзнувањето на цените на основните прехранбени производи, според Бесими, треба да биде времена мерка, а во врска со предлозите за замрзнување на маржата,  рече дека  зависно од потребите кои ќе произлезат, така ќе се преземаат и мерки

21.MK