Во Велика Британија е забележан првиот смртен случај од омикрон сојот на коронавирусот, соопштил денеска премиерот на таа земја, Борис Џонсон.
“За жал, омикрон доведува до хоспитализација и за жал, потврдено е дека најмалку еден пациент, кој бил заразен со омикрон, починал”, рекол Џонсон во текот на посетата на клиниката за вакцинација во близина на Падингтон, пренесува “Sky news”.