Пендаровски за Заев: Заедно биевме многу битки

Претседателот на државата Стево Пендаровски, за време на денешното годишно обраќање во Собранието, го спомена и премиерот во заминување Зоран Заев, со кого, како што рече, заедно биеле многу битки.

-Заев се повлекува кога СДСМ е не власт, што е спротивно од 2017 година, кога не можевме да изведеме мирна транзиција, па се случи упадот во Собранието и големиот срам за државата. Политиката е дел од нашите животи, но не треба да стане смисла на животот. Кога доаѓање и останување на власт е основната кауза се отвораат портите за делби – истакна Пендаровски,