Полициска опсада во Батинци – фатен е осомничен убиец кој се обидел да бега скокајќи од втор кат

Полицијата денеска приведе опасен криминаалец, Муса Џавит од Батинци, кој пред месец дена избоде момче во Студеничани.

По преземени опсежни мерки и активности на оперативниот тим за потраги при СВР Скопје, осомничениот е лоциран и во координирана акција со повеќе тимови од интервентната полиција, буквално е направена опсада на Батинци и криминалецот е уапсен, иако се обидел да бега скокајќи од вториот кат на куќа, информираат од МВР.