Албанскиот премиер Еди Рама одлучи да го премести почетниот дел од самитот Отворен Балкан со Зоран Заев и Александар Вучиќ од Тирана во градот Елбасан.
Средбата започна вечерва.Самитот продолжува утре наутро, доколку безбедносната ситуација го дозволи тоа.
На средбата утре ќе присуствува и еврокомесарот Оливер Вархеји.
Предвидената прошетка низ Тирана е откажана, објави Топ Ченел.