Радев: Вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав ќе ја отвори вратата за преговори со ЕУ

Бугарија не е пречка во процесот на проширување на ЕУ, а постигнувањето напредок во него целосно зависи од Република Северна Македонија. Наместо тоа, ние ги поддржуваме основните принципи и вредности на нашата унија: заштита на човековите права и недискриминација содржани во Копенхашките критериуми за членство и добрососедски односи, вели во интервју за „Еурактив“ бугарскиот претседател Румен Радев.

Тој посочил дека Бугарија, со оглед на големото значење на европската перспектива за Западен Балкан, отсекогаш била „моторот“ на процесот на европска интеграција за земјите од регионот.

Точно е дека имаме посебни односи со Република Северна Македонија, ние сме многу повеќе од соседи и пријатели. Луѓето од двете страни на границата ги поврзува нашата заедничка историја и култура, а ветровите на историските настани разделија многу семејства“, вели Радев, пренесува „Bulgaria ON AIR“.

Бугарскиот претседател во интервјуто вели Бугарија е првата земја што ја признала независноста на Република Северна Македонија во 1992 година и давала поддршка во тешки времиња за нашата земја.

„Поради оваа причина, Бугарија безусловно го поддржа приемот на Македонија во НАТО. Овие факти се добро познати и затоа на некои од нашите партнери не им е јасно зошто продолжуваме да се воздржуваме од кажување „да“ за почеток на преговорите за нашиот западен сосед“, потенцирал Радев.

Бугарскиот шеф на државата вели дека денеска ситуацијата е лоша и дека во последните 4 години е засилен говорот на омраза од страна на Македонија кон Бугарија.

„Не гледаме политичка волја за отстранување на навредливите квалификации во учебниците и медиумите, како и за стопирање на фалсификатите и деструкциите кон бугарското културно и историско наследство. Сепак, нашата најсериозна загриженост е што PCM не ги следи основните принципи на Европската унија, ниту ги исполнува Копенхашките критериуми за членство. Дискриминаторскиот однос кон македонските Бугари трае со децении и тоа мора да престане. Денеска 120.000 граѓани на Македонија имаат и бугарско државјанство, што значи дека се државјани на ЕУ“, додал Радев.

Според него, Бугарите во Македонија треба да бидат рамноправни со другите признати народи според Уставот, односно да биде запишано постоењето на бугарското малцинство во земјата.

„Не разбираме зошто е толку тешко да се вметнат Бугарите, заедно со другите нациите, признаение и наведени во Уставот на РСМ“, прашува Радев.