СВР Тетово исклучи од сообраќај осум неисправни автобуси и комбиња

Осум неисправни возила, од кои три во Тетово и пет во Гостивар, откриле и санкционирале  полициски службеници на СВР Тетово во акциската контрола на техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња.

Шест од санкционираните возила, по три од Тетово и Гостивар, имале неисправни сопирачки. Едно возило од Гостивар било со неисправен уред за управување, а едно исто така од овој град со неизвршен технички преглед.

-Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.При контролата, исто така, санкционирани се и четири други видови сообраќајни прекршоци, по две во Тетово и во Гостивар, соопшти МВР.