Со 11.106.501 евро гаранција, Мијалков пуштен од притвор

North Macedonia’s former secret police chief Saso Mijalkov is waiting to hear his sentence in the criminal court in Skopje on 26, 2021. Saso Mijalkov, one of the most powerful players in the former regime led by ex-prime minister Nikola Gruevski was handed 12 years in prison for running a sprawling illegal wiretapping operation that plunged the country into a political crisis in 2015. Robert ATANASOVSKI / AFP

Одлуката е донесена по жалба од Мијалков во Апелациониот суд, за притворот определен за случајот „Трезор“ во кој поранешниот директор на УБК веќе е осуден во првостепена судска постапка во Кривичниот суд.

Од Апелациониот суд во Скопје за Телма потврдија дека притворот е укинат со прифатена гаранција во вредност од 11.106.501 евра, која во недвижности е понудена од обвинетиот Сашо Мијалков.

Според процедурата, за имотот не се врши проверка на потекло, туку треба да се стави под хипотека од страна на Агенцијата за катастар. Вакво барање за хипотека, Апелација веќе испратила до Катастарот.

Во скопскиот затвор во Шутка немаат официјална информација дека е укинат притворот за да биде ослободен Мијалков. Такво известување во затворот ќе биде испратено дури откако врз положениот имот ќе биде ставена хипотека.

Апелациониот суд наместо притвор на Мијалков му определил повеќе мерки за обезбедување на присуство, односно одземен му е пасошот и определено му е да се јавува во судот.

Обвинителството пак бараше притвор и продолжување на притвор поради можност за бегство бидејќи Мијалков досега веќе има две првостепени судски пресуди на вкупно 20 години затвор. Едната (8 години) му е за предметот Трезор односно злоупотреба на буџетски пари за нелегални набавки на шпионски софвтер, а втората (12 години) му е за нелегалното прислушување на илјадници политичари, активисти, новинари и бизнисмени во предметот Тврдина-таргет.

Покрај тоа, на Мијалков му се суди за случајот Плацеви на Водно, како и за предметот на СЈО со изборни нерегуларности Титаник-2.

Мијалков е во притвор од 23-ти февруари оваа година откако два дена се водеше дека е во бегство и беше распишана потерница по него затоа што два дена претходно не го зеде решението за куќен притвор и исчезна од куќата во која живее на Водно. Тој се правдаше дека имал темепратура и не сакал да се меша со луѓе да не ги зарази доколку евентуално има фатено корона. Иако цела држава го бараше, тој тврдеше дека никој не му се јавил и не го дознал своето бегство, па сам пристигна до обвинителството за организиран криминал и корупција.

Извор Телма