Алтернатива нема да се откаже од ниту една точка од договорот со Заев

0
23

лтернативата нема да отстапи од ниту една точка од договорот Заев-Гаши и покрај притисокот што премиерот го има од партнерите од предизборната коалиција. Според партијата на Гаши, одржувањето на политичката стабилност и спасувањето на оваа Влада се доволно жртвување на Алтернатива, додека прашањето за незадоволството кај помалите партии е проблем на премиерот во заминување Заев.

„Алтернатива се договори со премиерот Заев со убедување дека ги известил другите владини партнери за разговорите што се воделе. Не знам зошто од некој треба да се очекува да се откаже од нешто што сè уште не добило ништо. Останатите партнери точно знаат какви жртвувања направи Алтернатива за да помогне и да ја спаси оваа Влада, токму за крупните државни интереси. Мислам дека тоа е доволно од наша страна“, наведуваат од Алтернатива.

Токму Гаши во текот на преговарачкиот процес изјави дека за неговата партија е важна одговорноста, а не ресорите.

„За Алтернатива прашањето за ресорите никогаш не било суштинско. Важно е да се договориме за програмските критериуми, тоа е секундарен дел за нас, и многу безначајно“, вели Гаши.

Коалициските партнери во СДСМ, ЛДП, ДС и ДОМ ден претходно го изразија своето незадоволство од договорот Заев-Гаши. Според нив, новиот концепт за рамномерен регионален развој е неприфатлив, додека дел се против создавање на нови министерства без ресори. Дали партнерите се согласуваат да се прошири мнозинството според договорот Заев-Гаши или не, ќе се дознае по изборот на новиот претседател на СДСМ, кој се очекува да добие и мандат за формирање на ново парламентарно мнозинство.