Арсовска за бугарскиот пасош: Мојот збор тежи повеќе

0
19

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 на прашањето на водителот дали тврдењата дека таа има бугарски пасош ќе останат само на нејзиниот збор против зборот на СДСМ, таа вели дека не се откажала од „почнување постапка“.

-Јас мислам дека мојот збор повеќе тежи. Искрено. Јас пред граѓаните ветив програма која целосно ќе ја реализирам. Кажав дека имам намера да ги преземам сите мерки, за сите работи кои беа искажани во текот на кампањата кои не беа вистинити. Имам намера тоа да докажам. Постапките се отпочнуваат и сега не сакам да говорам за да не наштетам, вели Арсовска.