Арсовска ќе почнела да комуницира со новинарите следната недела

0
16

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска по еден месец од стапување на функцијата, вечерва прв пат се појави на еден медиум.

Таа изминатиов период не одговараше на новинарски прашања и не беше достапна за медиумите. Во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 најави дека ќе почне да комуницира со новинарите од следната недела.

-И самите сте сведок на она што се случува. Денеска се навршува само еден месец откако дојдов на функција. Голем број од градоначалниците стапнаа на функциите две недели пред мене, а и тие имаат многу помали општини.

Мислам дека сум целосно спротивно од она што беше претходната гарнитура. Планирам да воспоставам еден поинаков начин на комуникација. Од следната недела ќе почнам со прес конференции и брифинзи за новинари.
Не сакам да излегувам во јавност и да бидам напаѓана за работи за кои немам одовори. А по еден месец не можам да имам одговори, рече Арсовска.