(ВИДЕО) Косовската полиција уапси 10 лица во српското село Штрпце

0
20

Косовски специјалци упаднаа во мнозински српското село Штрпце, каде уапсија 10 луѓе.

Меѓу нив се и поранешни високи општински службеници, соопшти обвинителството во Урошевац, пренесува РТС.

 

Главниот обвинител од Урошевац, Шкури Јашари, изјави дека ова е прва фаза од истрага за злоупотреба на позицијата, односно давање мито.

Коха диторе пишува дека се работи за корупција при изградба на објекти во Брезовица.

Газета експрес објави дека е направен претрес на повеќе од 10 локации, имоти и куќи на поранешниот претседател на општината Штрпце и други функционери на Српска листа. Пред неколку месеци имаше тензии на северот на Косово.