(ВИДЕО) Одмаздољубливи мajмуни убиле 250 кучиња

0
42

Група мајмуни во Индија во последниот месец убиле околу 250 кучиња од одмазда, фрлајќи ги од високи дрвја или згради.

Жителите на едно мал индиски град, со околу 5.000 жители, на 480 километри од Мумбаи, велат дека мајмуните почнале да се одмаздуваат од пред околу еден месец откако неколку кучиња убиле младо мајмунче.

Оттогаш мајмуните започнале да ги фаќаат кучиња, потоа ги влечеле и ги фрлале од високи места.

Во овој град речиси и да нема повеќе кучиња, но нападите на мајмуните не престануваат.

Фотографиите и видеата од локалните медиуми покажуваат угинати кучиња на покриви или на гранки, како и кучиња кои бркаат мајмуни додека жените и децата се засолнуваат на безбедно.

Забележано е дека мајмуните напаѓаат и деца, што предизвикало паника кај жителите. Мештаните апелирале до локалните власти да помогнат во фаќањето на одмаздољубивите мајмуни, а некои дури се обиделе и сами да ги фатат и да си ги спасат кученцата, па неколку луѓе биле повредени.

Експертите за однесување на приматите велат дека студиите покажале дека мајмуните знаат да се одмаздат и често вака му одговараат на агресорот.

Мајмуните „макаки“ се познати по тоа што се исклучително интелигентни, но и лукави. За нив не е невообичаено да крадат храна од фрижидер или облека и разни предмети.