ВНИМАТЕЛНО: Поради магла намалена видливост од 40 метри на патот Лисец – Попова Шапка

0
19

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместa влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50 метри има на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.