Вонредна состојба во Косово, големата побарувачка за струја може да го загрози снабдувањето во Европа

0
36

Големата побарувачка за струја на Косово може да го загрози снабдувањето во Европа.

Вакво предупредување стигна од Европска мрежа на оператори на преносниот систем (ENTSO-E). Косовските власти поради недостигот увезуваат енергија во количества кои воопшто не се планирани на пазарите.

Ситуацијата на Косово е посебно драматична поради ниското ниво на домашно производство, техничките проблеми и студеното време, што предизвикало прекин на производството во електроцентралите.

Парламентот на Косово прогласи вонредна состојба, со што го прифати предлогот на владата за воведување вонредни мерки, со кои ќе треба да се изнајдат решенија за справување со енергетската криза.