Во тетовско зголемен број на случаи на насилство врз жени во време на пандемија и до 40%

0
16

Во тетовско зголемен број на случаи на насилство врз жени во време на пандемија. Голем дел од случаите полицијата ги заокружила со кривични пријави. Но, траумите и последиците остануваат.

Годинава во споредба со лани, во тетовско и до 40 % зголемен бројот на насилство врз жените. Статистиките велат од Меѓуопштинскиот центар за Социјални работи Тетово се и поголеми,

И статистиките на полицијата, говорат за зголемениот број на насилства врз жената

Пандемијата го зеде данокот, затоа и зголемен бројот на вакви случаи, велат експертите.На жртвите потребна им е помош од секој аспект. Да се охрабруваат и да ги пријавуваат случаите, само така може да се запре насилникот и да се казни.

За таа цел, во Тетово за прв пат отворен сеопфатен центар за подршка на жртви , каде ќе се пружи социјална, правна, психолошка како и кариерна помош.

Но и по добиените професионални услуги жртвата на крајот на денот, пак се враќа дома кај насилникот, Тетово се уште е без Шелтер центар за згрижување. Засега нема конкретни најави за отворање на ваква установа која е неминовна, ако се земе предвид зголемување на насилствата врз жените во овој регион.