Во тетовско стабилизирана состојбата, но омикрон сојот тропа на врата со доаѓањето на печалбарите

0
36

Во тетовската болница моментално има хоспитализирано 3 пациенти со Ковид 19.Мала е бројката на заразени , но граѓаните не треба да се олабавуваат. Омикрон сојот кој е со брза преносливост, зимава ќе дојде на гости, велат здравствените работници

Пред инфективното одделение во Тетово смирено. Вообичаените гужви со чекање за прием на ковид болни моментално ги нема. Месецов тука се лечат по неколку пациенти заразени со вирусот.

Претпазливоста оваа зима треба да биде голема, велат здравствените работници, оти и омикрон сојот тропа на врата. Доаѓањето на печалбарите за време на новогодишните празници, ќе го зголеми ризикот од пренесувањето на овој сој во регионот, особено во перидов, кога постојано сме во затворени простори

Треба да купуваме време, како и останатиот свет. Влегувањето на омикрон сојот во државата со разни мерки да се одолжува постојано,изјави докторСветлана Трифуновска координатор на матични лекари

Зимава додава доктор Трифуновска, да се зголеми процентот на имунизација, особено на учениците и студентите кои сега следат настава со физичко присуство, а имаат многу контакти, но мал дел од нив се опфатен со овој процес