Гостиварец физички ја нападнал и повредил својата сопруга

0
39

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 32-годишен жител на Гостивар, при вршење семејно насилство во семејната куќа во гостиварската населба Циглана, телесно ја повредил неговата сопруга.

На 17 август тој физички ја нападнал оштетената со повеќе удари со раце и нозе по телото и главата, ја влечел и ја соборил, па и го одзел мобилниот телефон и 5.000 денари кои оштетената ги имала кај себе. ​​