Градоначалничката Арсовска не е повеќе почесен конзул на Унгарија

0
16

Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска повеќе не е почесен конзул на Унгарија.

Ова го потврдува и Министерството за надворешни работи во изјава за телевизија Телма.

Во врска со Вашите прашања Ве информираме дека во ноември месец, 2021 година, Министерството за надворешни работи е известено од Амбасадата на Република Унгарија за откажување на Данела Арсовска од позицијата Почесен конзул на Унгарија во Република Северна Македонија со седиште во Штип-, посочуваат од МНР за Телма.

Инаку, Арсовска стана почесен конзул на Унгарија во јуни оваа година, додека пак нејзиното откажување од позицијата беше најавено во текот на изборната кампања