ГРУБИ ЗА ТВ 24: НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ИМА ПОМЕСТУВАЊЕ НА ФУНКЦИИТЕ, ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕСРЕЌАТА ВО БУГАРИЈА МОРА ДА ИМА

0
18

Првиот вицепремиер и генерален секретар на ДУИ Артан Груби во емисијата 24 анализа во врска со автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица истакна дека се во контакт со роднините на загинатите и утре ќе бидат донесени телата на загинатите за да им се одаде почит.

– По петочната молитва, починатите ќе бидат погребани во нивните места. Не се обидуваме да правиме спектакл од овој настан и сакаме да одадеме почит и да ја искажеме нашата болка и сочувство. Овој случај се случил во друга држава и телата ќе бидат донесени со авион. Во однос на несреќата нема да оставиме ништо на случајот, а да не дознаеме што се случило и да одговараат сите одговрни за трагедијата. Од ова нема бегање од одговорност. Гледаме дека истрагата е динамична во Бугарија. Јас го кажав на владина седница, дека ќе бараме одговорност и од фукционерите и по извештајот ќе има поместувања следната недела. Тој автобус поминал многупати низ границата, значи има многу коруптивни елементи во начинот на кој може таков автобус да помине пет гранични премини. Затоа треба да го раздрмаме системот со темелна истрага. Ќе го повикам и Руфат Усеини на разговор и очекуван детални информации. – рече Груби.