Дали е ова почеток на крајот на епидемијата на коронавирусот

0
52

Најновите истражувања сугерираат дека омикрон сојот предизвикува многу помал рој на тешки заболувања во однос на претходните соеви, но експертите предупредуваат дека е рано да се носат заклучоци.

 

Британските ресторани, пабови и ноќни клубови ги откажуваат новогодишните прослави, а земјата е на прагот на уште една мрачна Нова година. Службениците од здравствениот систем во Велика Британија повторно предупредуваат на можно преоптоварување на болниците поради растот на бројот на тешко заболени пациенти.
Меѓутоа, голем број на експерти сметаат дека тоа сценарио е малку веројатно.

Сепак, самото споменување на екстремно сценарио буди стравови дека острите мерки би можеле да го обликуваат празниците во Европа и во годините кои се пред нас.

На прв поглед, шокантна е сличност на овогодишниот раст на бројот на заразени со ситуацијата од минатата година – за само неколку недели бројот на заразени со коронавирус нагло пораснал.

За среќа, овогодишниот број на хоспитализации и смртни случаи моментално е многу низок, а најновите истражувања сугерираат дека омикрон предизвикува многу помал број на тешки заболувања во однос на претходните соеви.

 

 

 

Иако авторите на истражувањето сметаат дека тоа е добра вест, повикале на внимателност.

Бројот на новозорени на дневно база и натаму расте – во петок во Британија имало рекордни 122.000 случаи, а проценето е дека минатата недела во земјата имало 1,7 активни случаи.

Клучната работа е дека новозаразените, во главно млади лица, поради што некои научници предупредиле дека бројот на хоспитализации би можел да скокне ако постарата популација почне да заболува од омикрон.

Од друга, голем број на на луѓе, а посебно оние постарите, се вакцинирани со две дози а некои и со бустер, со што добиле значајна заштита од новиот сој.

 

 

 

Како овие различни фактори ќе влијаат на бројките се уште не е познато. Податоците секогаш се анализираат и прерано е за било каков конечен заклучок.

“Имаме неизбежно заостанување од моментот на заразата до хоспитализацијата. Во меѓувреме мора да се донесат политички одлуки, а тоа не е едноставно”, рекол епидемиологот Марк Вулхас од Универзитетот Единбург, пренесува “Jutarnji List”.

Многу научници сметаат дека доказите потврдуваат дека коронавирусот конечно ќе ја изгуби моќта за предизвикување на тешки заболувања, а за тоа придонесуваат и неодамнешните истражувања во Шкотска, Англија и Јужна Африка, од каде омикрон потекнува.

“Имам чувство дека овој сој е прв чекор во процесот во кој вирусот ќе се прилагодува на човековата популација за да предизвика побенигни симптоми. Во одредена смисла, тоа е предноста на вирусот ако влијае на луѓето така што нема да е разболуваат премногу – бидејќи така можат да шетаат и да се дружат и уште повеќе да го шират вирусот”, рекол д-р Џулијан Танг, професор на Универзитетот Лестер.