Денеска во Бугарија пристигнуваат првите вакцини за деца од 5 до 11 години

0
33

Денеска во Бугарија пристигнуваат првите вакцини за деца од 5 до 11 години од Фајзер.

Имано, најавите за набавка на вакцините за деца од 5 до 12 години ја разбрануваа јавноста. Докторите ги чекаат официјалните насоки, во време кога Комитетот за имунизација се уште нема дадено препорака за вакцинација на малите деца.

Европската агенција за лекови (ЕМА) во минатиот месец одобри употреба на помала доза на вакцината Фајзер за деца на возраст од пет до 11 години. Истото претходно го стори и американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), кој препорача вакцинирање на оваа возрасна група во САД.

Во меѓувреме и поголем дел од западноевропските земји започнаа вакцинација или најавија дека ќе ги одобрат вакцините на Фајзер за деца постари од пет години. Притоа лекарите пријавија голем почетен интерес од родителите поради загриженоста од Омикрон, новата варијанта на вирусот која се шири побрзо од досегашните соеви.

„Наспроти Кина, руските дезинформации ретко се обидуваат да направат Русија да изгледа добро пред странската публика“, вели Едвард Лукас од Центарот за анализа на европската политика.
ВИДЕТЕ И ОВА:

Инаку, Кина беше првата земја што одобри ковид-вакцина за мали деца. Таму се користат вакцините на Синовак и Синофарм, а возрасната граница е спуштена на 3 години