Добра вест од Африка: Нема знаци дека омикрон предизвикува потешка болест

0
46
epa08920772 A healthcare worker with vial of the Pfizer-BioNTech vaccine at the Villa Scassi Hospital in Genoa, Italy, 05 January 2021. A second batch of 470,000 doses of the Pfizer-BioNTech COVID-19 vaccine reportedly has arrived in Italy and more than 100,000 people have been vaccinated with it so far in Italy. EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Јужна Африка го предупреди светот на омикрон кон крајот на минатиот месец, зголемувајќи го алармот дека високо мутираната варијанта може да предизвика нов пораст на глобалните инфекции.

Болничките податоци покажуваат дека бројот на лица примени со симптоми на ковид-19 сега нагло расте во повеќе од половина од деветте покраини на земјата, но дека бројот на починати не расте толку драматично. Индикаторот како што е просечна должина на престој во болница е охрабрувачки.

Иако научниците велат дека е потребно повеќе време за да се дојде до конечен заклучок, министерот за здравство Џо Фахла рече дека знаците кои говорат за сериозноста на болеста се добри.

„Иако расте бројот на хоспитализации, прелиминарните податоци сугерираат дека тоа се должи единствено на зголемениот број заразени лица, а не на тежината на болеста од варијантата омикрон“, рече тој.

Во последните неколку дена во епидемијата во целата земја која сега е поврзана со варијантата омикрон се заразуваат околу 20.000 луѓе дневно, со 19.018 нови случаи на ковид-19 во четвртокот, според податоците на Националниот институт за заразни болести, но има само 20 нови смртни случаи.

Епидемијата сè уште не го достигнала врвот од повеќе од 26.000 дневни случаи како што беше забележано за време на третиот бран предизвикан од делта варијантата.

Јужна Африка целосно вакцинираше само околу 38% од возрасните, повеќе отколку во многу други африкански земји, но значително помалку од целта на владата на крајот на годината.

Помала студија на јужноафрикански истражувачки институт оваа недела сугерираше дека омикрон може делумно да ја избегне заштитата од двете дози на Фајзер, но компанијата и нејзиниот партнер, Бионтек, велат дека тројната доза од нивната вакцина може да го неутрализира омикрон во лабораторија.

Гленда Греј, претседателка на Јужноафриканскиот совет за медицински истражувања, рече дека има многу повеќе невакцинирани меѓу оние кои се примени во болниците во Јужна Африка и смета дека ова е доказ дека Фајзер сè уште нуди заштита.

„Гледаме дека оваа вакцина е сè уште ефикасна. Може да има мало намалување на ефикасноста, но гледаме дека постои ефикасност во однос на ризикот од хоспитализација и тоа е многу охрабрувачко“, рече таа.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести на САД, во САД од ковид-19 заболуваат и лица кои примиле бустер доза од вакцината.