Зелен хуман град“ против висококатници спроти ГТЦ, жители на Ново маало бараат да се градат

0
18

Висококатниците кои треба да се изградат на паркингот спроти Градскиот трговски центар ќе доведат до поголемо загадување, а овој предел ќе биде најгусто населен регион во светот и ќе има крајно нехумани услови за живот, порачаа „Зелен хуман град“ и граѓанската  иницијативата „Шанса за Центар“ на вечерашниот мирен протест пред Основното Јавно обвинителство.

Тие испратија порака до Јавното обвинителство, иницијативата која е поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата по однос на изградбата на висококатниците конечно да има завршница.

Од мај годинава досега тие немаат никакво известување за јавноста односно никаков напредок во предметот. Ако сакаме да спречиме корупција, ако сакаме да спречиме злоупотреба и оштетување на граѓаните во оваа земја, едноставно не може органите на државата да постапуваат на овој начин и да ги штитат инвеститорите. Не смеат да го штитат крупниот капитал, а да работат на штета на скопјани. Оваа власт наводно се бореше против Скопје 2014, но изгледа за да може да ни го сервира Скопје 2022, истакна активистката Драгана Велковска