Ивановска за несреќата во Бугарија: За 50 евра ни отидоа 50 луѓе!

0
20

Претседател на Антикорупциска, Билјана Ивановска во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ говореше во врска со несреќата во Бугарија во која загинаа 45 лица.

Како што додаде таа, треба да се работи на зајакнување на интегритетот кај сите службени лица, чесно да се работи работата.

Ние одржавме јавна дебата по повод прашањето за Беса Транс, односно доделување на лиценци и дозволи во делот на транспортот. Значи главните заклучоци од таа дебата беа дека постои законска регулатива значи дизајнирана за контролниот систем меѓутоа не се почитува. Значи кај се луѓето кои што ја доделиле лиценцата, кај се луѓето што направиле контрола, па вчера на КОД видовме дека автобусот воопшто не бил нов туку бил репариран.За 50 евра 50 луѓе отидоа, мислам нема логика. Животот на луѓето и нашето здравје е многу поскапо. Што прават сега тие луѓе, никаде ги нема, сенка нема од нив“, нагласи Ивановска.

 

 

.