Катстриот реџепи нема ништо против на влегувањето на Алтернатива во Владата

0
15

Пратеникот Кастриот Реџепи, прашан од агенцијата ИНА каков е неговиот став за составот на владата со влезот на Алтернативата, истакна дека во овој период пред предизвиците со ЕУ, на земјата и е потребна институционална и општа стабилност за да се соочи со пандемијата и предизвиците во енергетската сфера.

„Мојот став и акција беше да се обезбеди континуитет и стабилност во овој многу важен период за земјата и народот. Се наоѓаме во време кога се прават максимални напори да се добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ. На земјата и е потребна институционална и општа стабилност за да се соочи со пандемијата и предизвиците во енергетската сфера. На крајот, би сакал да изразам жалење за индивидуалните постапки на некои мои поранешни сопартијци, кои без да донесат одлука во партиските органи, го исклучија Движењето Беса да биде протагонист во овие процеси како дел од прогресивните сили. Ова е невиден преседан“, нагласи поранешниот член на Беса.

Тој додаде дека „ќе продолжи да се ангажира како пратеник и поединец за доброто на народот и државата, останувајќи на вистинската страна и во најкритичните моменти“.

„Ги поканувам и моите колеги пратеници од опозициските партии да се приклучат на мојата иницијатива Европа 21 за поддршка на процесот на интеграција како актер, а не како гледач“, нагласи Реџепи