Ковачевски: Никогаш не ги делам кадрите на стари и на нови

0
18

Никогаш не ги делам кадрите на стари и нови, туку на оние коишто придонеле повеќе или помалку во развојот на партијата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во изјава за медиумите пред почетокот на вечерашната седница на Централниот одбор на партијата.

„Во медиумите се појавија голем број на имиња коишто значат нешто во Социјалдемократскиот сојуз и коишто во минатото обавувале високи партиски и државни функции. Да оставиме Централниот одбор да ги донесе одлуките“, рече Ковачевски.

Нагласи дека ќе предложи Извршен одбор којшто ќе бидат застапени 50 отсто жени и 50 отсто мажи, за да се запази родовата еднаквост за која се залага Социјалдемократскиот сојуз. 33 отсто ќе бидат млади, што е исто така статутарна одредба и ќе бидат запазат сите плански региони во државата, додаде Ковачевски.

Како што најави, денеска ќе бидат назначени уште десетмина нови членови и на Централниот одбор на партијата.