Ковачевски ја презентира програмата, покрај него „булдожерот“ Зечевиќ

0
18

Кандидатот за претседател на СДСМ Драган Ковачевски од вечерва ја презентира програмата пред членовите на СДСМ.

Вечерва сме во Карпош каде се сретнувам со раководствата на општинските организации, на ЛК, форумите на жени, членовите на ЦО и пратениците од сите скопски општини. Резултатот на локалните избори ни покажа дека мора да ги менуваме работите. Многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените. 👉 Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира при што основите за функционалноста на партијата мора да започнуваат токму од овие локални, но суштински јадра на партијата. Нашите членови ќе мора да не евалуираат нас раководството и ние да постапуваме.

Функционалноста на партиските комисии мора целосно да се ревидира и истите да се активираат како основни тела за креирање и евалуирање на политиките на партијата. Партијата мора да биде генератор на идеи и мора да зајакне до таа мера да биде столб не политиките во државата. 👉 Редовни консултации и постојани партиски активности се потребни на секое ниво. Партијата ќе работи паралелно со институциите и ќе им помага на нашите функционери. Мора да ја подобриме координацијата и соработка на релација Влада – Локална самоуправа – Партија, пишува Ковачевски на Фејсбук.