Мицкоски бара техничка Влада во февруари или март и предвремени избори во мај или јуни и го предлага Гаши за премиер

0
22

ВМРО-ДПМНЕ предлага наместо Ковачевски, мандатар за состав на нова Влада да биде Гаши. Така, вели Мицкоски, новиот лидер на СДСМ ќе го покажел својот политички легитимиет, а Гаши ќе имал можност да се справи со Европската блокада, енергетската и економска криза кои биле причини Алтернатива да стане дел од власта. Мицкоски вели, Владата на чело со Гаши, да работи до распишување на предвремени избори кои би се одржале пред почеток на летото.

Според Мицкоски, предвремени парламентарни избори биле единствен излез од кризата во која западнала државата. Вели, ќорсокакот се продлабочил по новото вето од Бугарија и неуспехот на евроинтегративниот пат.

„Не велам дека изборите секогаш се најдоброто решение, но во состојба кога е јасно дека постојат сериозни проблеми, кога нема начин ниту пак било каква шанса оваа Влада нешто да промени, кога генерации повторно се оставени бесконечно да чекаат пред портите на ЕУ, предвремените парламентарни избори се единственото решение за излез од оваа политичка, економска, енергетска, дипломатска, сеопшта криза во државата. Затоа бараме во февруари или март да се формира техничка влада, а во мај – јуни да имаме предвремени паралемнтарни избори и народот да одлучи за иднината на Македонија“, вели Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и покрај ветото за почеток на преговори со ЕУ, државата треба да ги продолжи преговорите со Бугарија, но со почитување на резолуцијата изгласана во македонскиот парламент