Наместо по булевари и улици, градските автобуси на ЈП Тетово Транспорт паркирани

0
20

Јавниот превоз во Тетово никако нормално да профункционира. Претпријатието Тетово Транспорт оформено пред две години, градските автобуси купени лани, но со нив тетовци се возеа само неколку месеци. Од новата локална самоуправа, велат дека работаат на нови решенија, за превозот да биде ставен во функција по сите стандарди.

Наместо по булевари и улици, градските автобуси паркирани. Новата локална самоуправа реши да го стави во мирување јавниот превоз.Според општината Јавното претпријатие Тетово Транспорт трошело неконтролирано, работниците биле без придонеси и наместо во фирмата, се воделе како дел од вработени во Општина Тетово.

И со јавниот превоз, но и без него, сообраќајниот хаос во Тетово евидентен. Тетовци велат дека инфраструктурата е недоволна, со тесни улици и узурпирани булевари од непрописно паркирани возила. Таа не се конторлира редовно за нормален проток на сообраќај, затоа и автобусите возеа бавно и со застој.

Потребен е план и програма за успешен градски транспорт, па потоа истиот да се воведе, кој ќе овозможи поеколошки град и економска исплатливост за граѓаните.

Десет години градските власти најавуваа ефикасен транспорт за граѓаните. Автобусите беа промовирани пред една година. За нив општината плати 720 000 евра , но наместо на коловозите, тие беа 8 месеци гаражирани, со образложени дека треба да се создадат услови, за да започнат да превезуваат патници. На крајот од летото јавниот превоз стартуваше бесплатно, со неколку линии и со големи проблеми.Поради сообраќајниот хаос за поминати 5 километри, автобусот во просек возеше и до 40 минути.

Сега новите власти најавуваат нови решенија, за превозот да функционира правилно и без застои.