На Рашковски ќе му се суди за набавката на софтверот

0
39

Кривичниот суд денеска соопшти дека обвинителниот акт против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шест лица за нелегалната набавка на софтвер и перење пари поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 8 октомври од страна на Советот за оценка на обвинител акт е оценет и одобрен во целост.

Рашковски е обвинет во случајот со набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци преку фирмата „Инвока груп“ кој што Министерството за внатрешни работи со месеци не го користело, како и за оштетување на буџетот за 100 илјади евра со незаконито спроведување на јавна набавка.

Владата во меѓувреме ги раскина договорите со друштвото „Инвока груп“. Едниот е за групна набавка од 28.2.2020 година и Договорот за набавка на услуги- одржување на софтвер за полагање испити на државните институции од 11.8.2020.