Нова влада најдоцна до 18-ти јануари, Ковачевски најави и борба против внатрепартискиот клиентелизам

0
18

Откако претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на Централниот одбор на партијата ја доби довербата да биде мандатар најави дека првата задача на новото раководство на партијата е да состави нова влада најдоцна до 18 јануари.

Ковачевски изјави дека новата влада ќе биде ориентирана на економијата, заштитата на здравјето, како и финансиската поддршка и продолжување на евроинтеграцискиот процес и преговорите со соседна Бугарија.

Ќе ја реформира и реорганизираме партијата , најави Ковачевски и рече дека ќе се формира советодавно тело, Совет за креирање и имплементирање политики, за да ги надгледува проектите на партијата, а со него ќе раководи поранешниот пратеник и екс партиски потпретседател Игор Ивановски.

„Понатаму започнуваме процес на целосно отфрлање на внатрепартискиот клиентелизам. Ова е предизвик на кој СДСМ сериозно ќе работи и ќе биде предводник во отфрлање на клиентелизмот во секој сегмент од општетсвеното работење. Одлики на новото раководство ќе бидат одговорност, ефикасност и чесно работење, со личен пример да покажеме што значи правна држава, а не само со реформи и нови закони,“ рече Ковачевски.

За опозиционата ВМРО-ДПМНЕ рече дека е партија која ја водат поединци кои се обидуваат да одговарат на личните, а не на државните интереси.