Општина Тетово – Да се отстранат продуктите и диво поставените тезги околу пазарот, во спротивно наши екипи ќе ги отстранат

0
24

Секторот за комунални дејности и заштита на животната средина и природата соопшти дека почнувајќи од денеска ќе преземе активности, заедно со Општинскиот инспекторат, за ослободување на јавните површини и тротоарите околу зелениот пазар.

Ваквата акција на инспекторатот доаѓа како резултат на блокирањето на тротоарите околу пазарот, кои го попречуваат слободното движење на граѓаните и поради нелојалната конкуренција.

Подолу следува целото соопштение на Општина Тетово

-Во просториите на „Зелен пазар“ има 120 слободни работни места, па ги замолуваме сите продавачи да ја вршат својата дејност согласно законот, со влез во просториите на зелениот пазар.

Исто така, општинскиот инспекторат бара од дивите продавачи, почнувајќи од денеска (13.12.2021 до 19.12.2021) да ја отстранат својата стока од јавните површини, во спротивно ќе се соочат со законот.

По истекот на рокот за отстранување на стоката, доколку не ја извадиле стоката, комуналното претпријатие ќе организира камион за транспорт на стоката до просториите на „Паркови и зеленило“, во присуство на Општинскиот инспекторат, Пазарниот инспекторат и Полицијата.

По отстранувањето на стоката, Општинскиот инспекторат заедно со Пазарниот инспекторат и Полицијата од понеделник, 20.12.2021 година, ќе вршат постојани контроли за заштита на јавните површини.

Во меѓувреме, Секторот за комунални дејности треба да постави табли за паркирање на улицата „120“, кои ќе се користи од ЈП „Градски паркинг“ за зонско паркирање, соопштија од Општина Тетово.